Кавадарчани беа одново убедливи и вторпат во две кола дадоа шест гола, победувајќи овојпат со 6-1 против Брера. Првиот гол на мечот беше спектакуларен, бидејќи Мартин Стојанов погоди со неверојатни ножички. Следуваше израмнување преку Макиќ, а потоа Стојилевски си даде автогол (2-1). Во продолжението Тиквеш преку Стојанов, Тасев, Стојкоски и Стојчев екипата на Тиквеш стигна до висок триумф.
Екипата на Работнички стигна до шеста победа во ПМФЛ и се одржа во трката за опстанок, триумфирајќи со 2-0 против Силекс. „Романтичарите“ до победата стигнаа преку двата гола на Јован Попзлатанов.
На табелата Силекс е четвртопласиран со 40 бода, Тиквеш е петти со 36, Брера со 28 е над опасната зона, а Работнички со 22 е 11.





