понеделник, 8 декември 2025
Работел со личен готвач, тренер и физиотерапевт

Страшна трансформација на Арда Ѓулер, додал 10 кг мускулна маса за да одговори на предизвикот од Алонсо

Шпанскиот весник АС открива дека Арда Ѓулер додал помеѓу 8 и 10 килограми мускулна маса за да може да одговори на новиот предизвик и да игра во централниот дел на средниот ред.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето Реал Мадрид се раздели со Тони Крос без да донесе соодветна замена, а истото се случи и ова лето – клубот го напушти Лука Модриќ, без притоа да пристигне нов фудбалер од средниот ред.

Чаби Алонсо има план како да надополни дел од креативноста на Германецот и Хрватот и ќе ја промени позицијата на Арда Ѓулер, кој повеќе ќе игра во централниот дел на средниот ред наместо по крилните позиции.

И како што пренесува АС, за Турчинот да одговори на овој предизвик, неуморно работел и додал помеѓу 8 и 10 килограми мускулни маса.

Тој ангажирал личен фитнес тренер, личен физиотерапевт и личен готвач за да направи голема трансформација и тело кое ќе му овозможи битка на средината од теренот и полесно да ги издржи дуелите со противниците.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ