недела, 14 декември 2025
Драма на подготовките за новата сезона на најпуларниот спорт во САД

Страшна повреда во НФЛ која можеше да заврши трагично, сите на теренот се молеа (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Атланта Фалконс и Детроит Лајонс на подготовките за новата сезона во НФЛ донесе многу драма, страшна повреда заработи Морис Норис од редовите на „лавовите“.

Објавено на

часот

Сподели

Малку фалеше подготовките за новата сезона во НФЛ да донесат трагедија, на натпреварот помеѓу Атланта Фалконс и Детроит Лајонс страшна повреда заработи Морис Норис.

На почетокот од последната четвртина, Морис Норис кој игра на позицијата сејфти, се обиде да го собори Нејтан Картер од редовите на Атланта, но доби многу незгоден удар во глава, што придонесе за прекршување на вратот.

Докторите му укажуваа дваесетина минути помош на теренот, а откако го мобилизираа, го изнесоа на носилки и веднаш го префрлија во болница.

Кога натпреварот продолжи, играчите на двата тима одбија да играат, ја оставија топката на терен и почнаа да се молат.

Првите информации се позитивни, Морис Норис има чувство и подвижност во сите екстремитети, тој е во стабилна состојба и ќе остане под опсервација на докторите во „Грејди Момеројал“ болницата во Атланта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ