среда, 9 април 2025
Неочекувано загуби контрола над болидот

Страшен судар на младиот Џек Дуан во Јапонија со 250 км на час (ВИДЕО)

Вториот слободен тренинг на ГН на Јапонија беше прекинат дури четири пати, најлошо помина младиот Џек Дуан кој излета на првиот свиок и се заби во заштитната ограда со 250 км на час.

Објавено на

часот

Сподели

Возбудувањата во Формула 1 продолжуваат овој викенд со трката во Сузука, а петочните тренинзи им создадоа доста мака на возачите.

На вториот слободен тренинг беше покажано црвено знаме дури во четири навати, најлошо помина младиот Џек Дуан.

Возачот на Алпин неочекувано изгуби контрола во првиот свиок, кој е прилично брз и во него се влегува со 250 км на час, па и повеќе. Џек Дуан силно се заби во заштитната ограда, неговиот болид се распарчи, но за среќа момчето од Австралија помина добро.

Што се однесува до темпото на ГН на Јапонија, Мекларен е на чело на колоната, Оскар Пјастри и Ландо Норис во моментов имаат значителна предност во однос на конкуренцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ