четврток, 18 декември 2025
Македонецот нема иднина на „Местаља“

Столе Димитриевски има три опции за трансфер за да не „дреме“ на клупа до јануари

Преодниот рок во најголемиот дел од Европа можеби заврши, но Столе Димитриевски има три опции за трансфер, македонскиот репрезентативец се поврзува со Турција, Саудиска Арабија и Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Столе Димитриевски ова лето побара да замине од „Местаља“ откако Валенсија донесе нов голман со погубна клаузула за Македонецот.

Хулен Агирезабала мора да брани за Валенсија да не плаќа пенали на Атлетик Билбао, па Столе Димитриевски ќе биде во подредена ситуација и практично ќе нема шанси да игра.

Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги, но на крајот ништо не се реализираше.

И покрај тоа што преодниот рок во најголемиот дел од Европа заврши, Македонецот може да направи трансфер во следните недели.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, интерес за услугите на Столе Димитриевски има од Турција, Саудиска Арабија и Катар.

Останува да се види дали ќе биде најдено решение, или голманот повторно ќе треба да дреме на клупа, барем до јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ