Пелистер никако не може да победи, битолскиот тим се наоѓа во зоната за испаѓање и доколку не се подобрат резултатите во наредниот период тимот ќе испадне.
„Милан Стојановски си даде неотпиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Пелистер, клубот истата ја прифати“, соопшти битолскиот клуб.
Изјава даде и самиот Милан Стојановски.
,,Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок”, рече Стојановски.






