недела, 7 декември 2025

Стојановски: Дојдов да ја поправам ситуацијата во Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер синоќа го назначи Милан Стојановски за нов тренер, а денеска тој ја даде и првата изјава во новата улога.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер е во лоша резултатска низа, има пет порази и едно реми на последните шест натпревари, па Стојановски ќе треба да ги подобри резултатите во наредниот период.

„Мило ми е што се вратив во македонскиот фудбал, пред се во Битола, би сакал да ги поздравам сите навивачи. Пелистер во овој момент е во мала криза, но тука сме да се обидеме да ја поправиме ситуацијата. Се надевам дека ќе биде се во ред, ја имаме оваа репрезентативн пауза, па тоа ни дава за право да се надеваме дека ќе работиме добро во неделата која ќе следи. Уште еднаш ги поздравувам навивачите кои верувам дека ќе бидат наш 12-ти играч“, изјави Стојаноски.

Тој нема да има лесна задача на неговото деби, следниот првенствен натпревар на Пелистер е на гостински терен кај Силекс во Кратово на 17 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ