четврток, 2 април 2026

Стоилов е промовиран за нов тренер на РК Бутел, со работа почнува од јуни

Македонската ракометна легенда, Столе Стоилов почнува нов предизвик, првпат ќе биде самостоен тренер, од наредната сезона ќе го води суперлигашот РК Бутел.

Објавено на

часот

Сподели

По завршувањето на играчката кариера, Стоилов беше во стручниот штаб на Вардар, оттаму замина по крајот на минатата сезона, а сега го почнува својот прв самостоен предизвик како тренер.

Тој денеска и официјално беше претставен од страна на РК Бутел како нов тренер на тимот кој со работа ќе започне од јуни.

Стоилов стави потпис на двегодишен договор, а акцентот ќе биде ставен на градење тим со млади ракометари.

Актуелниот тренер на Бутел, Горан Кузмановски ќе ја заврши оваа сезона, а потоа ќе замине на Кипар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ