сабота, 12 јули 2025

Стоичков: Фудбалерите се жалат за СКП, но не се жалат кога ќе добијат 20 милиони годишно

Легендата на Барселона и бугарскиот фудбал, Христо Стоичков го кажа своето мислење за поплаките на фудбалерите дека имаат многу натпревари, особено со воведувањето на Светското клупско првенство (СКП).

Објавено на

часот

Сподели

Играчите немаат време за нормален одмор, само што завршија домашните првенства, дел од екипите мораа да настапат на Светското клупско првенство.

Некои фудбалери го кренаа гласот поради густиот распоред, но се повеќе легенди не ги жалат бидејќи играчите постојано бараат поголеми плати.

Еден од оние кои се јавија против фудбалерите е Христо Стоичков.

„Фудбалерите се жалат за Светското клупско првенство, но не се жалат кога ќе заработат 20 милиони евра годишно“, рече Стоичков.

Претходно Карл-Ханц Румениге рече дека фудбалерите сами се виновни за густиот распоред бидејќи постојано бараат поголеми плати, а клубот за да направи повеќе пари и да им ги задоволи желбите, мора да игра и повеќе натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ