сабота, 12 јули 2025

Стефановски урна рекорд кој речиси шест децении беше актуелен во македонската атлетика (ВИДЕО)

Огнен Стефановски го урна македонскиот рекорд во скок со стап кој беше стар 57 години, тоа го направи на Европското тимско првенство 3. дивизија кое се одржува во Марибор.

Објавено на

часот

Сподели

Стефановски на денешното натпреварување прескокна 4.05 со што го сруши рекордот од 3.90 на Владимир Карер поставен во Ливорно во 1968 година. Претходно најдобриот скок на Стефановски во оваа дисциплина беше 3.80 од јануари оваа година.

Минатата година Стефановски успеа да го сруши и рекордот за скок со стап во сала прекокнувајќи 3.65 метри кој беше недостижен цели 55 години.

Светски рекордер во дисциплината скок со стап е Швеѓанецот, Арманд Дуплантис кој пред десет дена ја помести границата на 6.27.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ