сабота, 21 февруари 2026

Стефан Тренески стана дел од програмата на возачи на Брабхам

Младиот македонски талентиран возач, Стефан Тренески стана дел од Брабхам Драјвер програмата, што претставува исклучително важен чекор за неговата кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа револуционерна програма претставува селективна патека од виртуелен (еспорт) до реален професионален автоспорт, создадена да ги развива следните генерации на шампиони под знамето на едно од најславните имиња во историјата на моторспортот – Брабхам, со светски титули во Формула 1, победи на Ле Ман и долгогодишно искуство во развој на возачи.

Стефан Тренески, кој веќе се докажа како дел од Brabham Motorsport Esports тимот, сега официјално преминува во реалниот свет на автоспортот и ќе се натпреварува во Formula 4 CEZ Championship (Централноевропскиот Формула 4 шампионат) за сезоната 2026.

Стефан ќе добие светско ниво на поддршка: лично менторство од Дејвид Брабхам (легенда од Формула 1, 3 кратен победник на Ле Ман и син на тројниот светски шампион Џек Брабхам), интензивни тренинзи за развој на техника на возење на патека и на симулатор, целосен развој на патеката и можности за напредок кон повисоки категории.

Дејвид Брабхам изјави: „Воодушевени сме што го добиваме Стефан Тренески во Brabham Driver Programme. Откако напредуваше од Brabham Motorsport Esports тимот и сега се натпреварува во Formula 4 CEZ Championship, Стефан покажа огромен талент и посветеност. Нашата Driver Programme е дизајнирана да ги поддржува и развива младите возачи со врвно менторство и можности, и со нетрпение очекуваме да му помогнеме на Стефан да ги помести границите и да го достигне својот целосен потенцијал – на патеката и надвор од неа.“

Стефан Тренески додаде: „Од натпревари за Brabham Motorsport Esports тимот до натпреварување во Formula 4 CEZ првенството, воодушевен сум што се приклучив на Brabham Driver Programme и што ќе работам со Дејвид Брабхам и тимот зад едно од најуспешните имиња во моторспортот. Ова е неверојатна можност да учам, да ги поместувам границите и да растам како возач – на патеката и надвор од неа. Голема чест ми е што Brabham е до мене и не можам да дочекам да видам што ќе постигнеме заедно.“

Ова е историски момент за Македонија – прв возач во официјална програма на Брабхам, кој доаѓа од еспортот директно во реална Формула 4! Стефан е веќе докажан шампион (победник на Formula 4 CEZ Academy и Formula Star), а сега со поддршка од Брабхам, патот кон Формула 1 станува уште пореален.

Брабхам е легендарен бренд со богата историја во Формула 1 (два светски шампионати за конструктори и возачи), Ле Ман и развој на таленти. Денес, преку Брабхам Мотоспорт и Драјвер Програм, продолжува да ја обликува иднината на автоспортот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ