Како и минатата сезона, натпреварите се играат вторник, среда и четврток, по шест дуели на ден. Секој тим ќе одигра по осум натпревари, а табелата е една единствена.
Овој систем се покажа како добар и возбудлив, па таква сезона се очекува и сега.
Првите осум екипи од лигашкиот дел одат директно во осминафиналето, екипите од 9. до 24. место играат бараж за осминафинале, а останатите испаѓаат.
Титулата ја брани ПСЖ, но според обложувалниците, најголеми шанси за титулата има Ливерпул, втор е Арсенал, по него следува Манчестер Сити. ПСЖ е дури петти, а пред него е и Барселона.

ЛШ 1. коло
Вторник
Атлетик Билбао – Арсенал
ПСВ – Ројал Унион
Бенфика – Карабах
Јувентус – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Марсеј
Тотнем – Виљареал
Среда
Олимпијакос – Пафос
Славија Прага – Бодо/Глимт
Ајакс – Интер
Баерн Минхен – Челси
Ливерпул – Атлетико Мадрид
ПСЖ – Аталанта
Четврток
Клуб Бриж – Монако
ФК Копенхаген – Баер Леверкузен
Ајнтрахт – Галатасарај
Манчестер Сити – Наполи
Њукасл – Барселона
Спортинг – Каират Алмати






