недела, 14 декември 2025

Стадионот во Битола е подготвен да ја пречека Италија

Oд Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално потврдија дека стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е подготвен за натпеварот помеѓу Македонија и Италија во квалификациите за Европското првенство до 21 година кој е закажан за 9 септември.

Објавено на

часот

Сподели

Работата на стадонот во Битола траела околу 40-тина дена и биле потрошени околу 150.000 евра.

На стадионот поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор. Исто така oбновен е и теренот.

Со ова Битола доби модерен стадион на кој и во иднина ќе може да се играат натпревари од меѓународен карактер.

„Успехот во Битола е пример за сите. Благодарение на посветената работа со градоначалникот Коњановски и неговиот тим во општината, за кратко време го доведовме стадионот ‘Петар Милошевски’ до нови стандарди, што УЕФА и самата го потврди. Ова претставува најдобар доказ дека кога заеднички се работи, резултатите се гледаат.

Следна наша фаза е да го поддржиме процесот на реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, со што продолжуваме да ја исполнуваме нашата стратегија за подобрување на фудбалската инфраструктура низ целата држава.“, изјави претседателот, Масар Омерагиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ