Тој доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и во Австрија.
Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на оваа земја.
„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Урош Митровиќ.