За случајот се води истрага, па властите не отркиваат многу во оваа фаза. Но, „Ла Трибуна“ објави дека Гавриловиќ бил застрелан на улица, а неговата девојка во домот.
„Мажот е префрлен во болница и таму го загубил животот. Околу два часот изутрина, сведок ја контактирал Итната помош за да пријави повредено лице. По доаѓањето, докторите го преземале повредениот борец, додека полицијата во домот ја пронашла мртва 32-годишната жена“, објави „Ла Трибуна“.
Гавриловиќ важи за контроверзен борец кој има 14 борби од кои осум победи и шест порази.