недела, 14 декември 2025

Српски фудбалер колабирал на тренинг во Германија

Фудбалерот на Бохум, Ерхан Масовиќ ги загрижил сите откако колабирал на тренингот на тимот кој се одржал во петокот.

Објавено на

часот

Сподели

Масовиќ веднаш бил хоспитализиран, а последните информации за неговата состојба велат дека е стабилна. Тој доживеал колапс на белите дробови кои со хирушка интервенција биле вратени во нормална функција.

„Благодарение на брзата реакција на клупскиот и медицинскиот тим избегнати се потешки последници. Со помал хируршки зафат и поставување на триканален дрен неговите бели дробови се повторно во нормална функција. Дијагнозата сите не изненади и шокираше. Кај вакви повреди се останато паѓа во втор план. Ерхан ја добива најдобрата медицинска нега и се надеваме дека наскоро ќе може да ја напушти болницата“, сооопшти Бохум.

Низ кариерата Масовиќ собра и пет настапи за српската репрезентација, последниот го имаше во март минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ