На Жижовиќ му се слоши среде натпреварот меѓу Младост и Раднички. Тој веднаш беше пренесен во болница со возило на брзата помош, но докторите не успеале да го спасат неговиот живот.
Младен Жижовиќ е босански стратег и поранешен фудбалер. Како тренер работеше и во Шкупи, го водеше македонскиот клуб во сезоната 2023-24.
Во Раднички Крагујевац пристигна пред десетина дена, а претходно беше тренер на Борац Бања Лука со кој постигна историски успех носејќи го тимот во Европа. Им беше тренер на Дамјан Шишковски и Бобан Николов.






