На српските фанови денеска им беше соопштено дека нема да има билети во слободна продажба за мечот со Албанија.
Според наведеното на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, присуството на трибините ќе биде обезбедено преку распределба на влезници на фудбалската заедница, преку дистрибуција до регионалните сојузи, клубовите, учениците од фудбалските школи и нивна родителска придружба, стручни фудбалски организации, официјалните спонзори и гости на ФСС, акредитирани претставници на медиумите, како и медицински и други екипи неопходни за реализација на натпреварот.
Исто така се наведува дека на влезниците ќе биде персонализирани и при влезот ќе се проверува лични документи со цел да се избегнат проблеми.
Ваквата одлука предизвика гнев кај српските навивачи кои сакаа да купат билет и да го гледаат натпреварот, меѓу нив има и луѓе кои никогаш не ги пропуштаат мечевите на репрезентацијата.






