понеделник, 19 јануари 2026

Србија загуби од Австрија и ќе чека шпанска услуга, Хрватска е во главната фаза

Ракометарите на Србија по големата победа над Германија претрпеа пораз од Австрија (26-25) во последното коло од првата фаза на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Австријците одиграа херојски натпревар иако немаа резултатско значење и со овој резултат си одат дома. Тие можат единствено да завршат на третото место, но само ако Германија освои барем бод.

Од друга страна, Србите и покрај поразот имаат шанса за пласман во втората рунда на шампионатот. Ако Шпанија ја победи Германија (важи за фаворит), се прави круг од трите репрезентации кои се со по три бода. Значи, ако Германците загубат тогаш ќе извисат. Србија во кругот од три селекции има најдобра гол разлика (+2), Германија е на нула (0), додека Австријците имаат негативен скор (-2).

Пласманот во втората фаза си го завери Хрватска, која во второто коло ја совлада Холандија (29-35) и со две победи е сигурен патник понатаму. Во последното коло од групата Е оваа селекција ќе игра против Швеѓаните во дербито за првото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ