недела, 25 јануари 2026

Србија ја победи Унгарија во Белград и пак стана европски првак во ватерполо

Српската ватерполо репрезентација освои злато и беше крунисана во европски првак, откако во финалето слави против Унгарија (10-7).

Објавено на

часот

Сподели

Домашната репрезентација на Европското првенство кое се одржа во Белград успеа да ги израдува фановите со нов голем успех. Ова беше осмо злато на континенталните собири за „Делфините“, а прво по пауза од три шампионати.

Претходно Србија беше европски првак на европските првенства во 2001, 2003, 2006, 2012, 2014, 2016 и 2018 година, додека на последните три шампионати немаше запазен успех.

Освен тоа имаат три злата од Мундијалите, како и три последователни од Олимписките игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ