петок, 19 декември 2025

Србија го демолираше Порторико, Јокиќ испиша историја

Кошаркарската репрезентација на Србија ја забележа првата победа на Олимписките игри во Париз, славеше убедлива победа од 107-66 над Порторико.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од САД, Србија се рехабилитираше со триумф над Порторико со високи 41 разлика.

Нашиот северен сосед доминираше од почеток до крај, првата четвртина ја реши во своја корист со 24-12, а на полувреме се замина со +17 (52-35).

Србија продолжи со ист ритам и во продолжението од мечот, го полнеше кошот на Порторико, па конечниот резултат гласеше 107-66.

Ортиз беше најефикасен кошаркар на паркетот со 19 поени, шест скокови и две асистенции, додека Петрушев со 15 поени и девет скокови го заврши дуелот кај Србија.

Јокиќ имаше 14 поени, 15 скокови и девет асистенции, односно му недостигаше само една асистенција за да стигне до трипл-дабл, и да стане само четвртиот кошаркар со ваков учинок на Олимписките игри.

Сепак, центарот успеа да испише историја и да стане првиот кошаркар кој забележал 10+ поени, 15+ скокови и 5+ асистенции на Олимписките игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ