сабота, 12 јули 2025

Срамен потег на Ферстапен, Холанѓанецот си ја уништи трката со маневар кој не доликува на шампион (ВИДЕО)

Оскар Пјастри победи на ГН на Шпанија пред тимскиот колега Ландо Норис во трка која беше одбележана од еден срамен потег на Макс Ферстапен, кој сам се саботираше и по добиената казна финишираше како десетти.

Објавено на

часот

Сподели

Оскар Пјастри синоќешната пол-позиција во Барселона ја претвори во нова победа и креираше 10 бода предност во однос на тимскиот колега Ландо Норис, кој денеска мораше да се задоволи со финиш на второто место.

Но што е поважно за двоецот на Мекларен, актуелниот шампион Макс Ферстапен сега има негатива од 49 бода откако имаше еден срамен потег поради кој доби казна од 10 секунди и финишираше како десетти.

Во финишот на трката, кога имаше ре-старт, Холанѓанецот изгуби контрола над болидот во последниот свиок, тоа ја отвори вратата за Шарл Леклер да нападне, а простор искористи и Џорџ Расел.

Макс Ферстапен никогаш не се предава лесно, така беше и сега, дојде до контакт со Џорџ Расел во свиокот број еден, па возачот на Ред Бул го искористи асфалтот покрај патеката за да ја пресече кривината.

Неговите инженери го советуваа да го пушти Џорџ Расел напред со цел да не добие казна, Макс Ферстапен полуде по ваквата порака, во прв момент го пушти напред возачот на Мерцедес но веднаш агресивно влезе во свиокот и дојде до контакт.

Па стјуардите го казнија Макс Ферстапен со 10 секунди, и дој од петтата позиција падна на десеттата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ