вторник, 10 јуни 2025

Срам за УЕФА и Чеферин: Немаше медали за капитенот на Тотнем и двајца други играчи (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот и претседателот Александер Чеферин синоќа останаа засрамени на свечената церемонија по финалето во Лига Европа откако немаше медали за Родриго Бентанкур, Кристијан Ромеро и капитенот Сон Хеунг Мин.

Објавено на

часот

Сподели

Тотнем синоќа го совлада Манчестер јунајтед во Билбао во финалето во Лига Европа и по 17 години се израдува на трофеј.

Но на свечената церемонија се случи гаф, претседателот Александер Чеферин и УЕФА останаа засрамени откако немаше медали за сите.

Колоната застана кога на ред дојде Ивес Бисума да го доби својот медал, а Александер Чеферин се сврте и почна да разговара со делегатот на УЕФА, веројатно порати тоа што кутијата со медали веќе беше празна.

Родриго Бентанкур беше следен, но доби само ракување од Чеферин, исто како и Кристијан Ромеро, кој наместо медал доби поздрав од првиот човек на европската куќа на фудбалот.

На крајот беше капитенот Сон Хеунг Мин, кој по краток разговор со Чеферин се упати да го подигне трофејот.

Останува да се види каде настанала збрката, со оглед на тоа дека медали добија и повредени играчи како Џејмс Медисон и Дејан Кулушевски, кој беше на патерици.

Се очекува УЕФА да се коригира во следните денови и да испрати медали за тројцата фудбалери, кои се едни од најдобрите на „спарси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ