петок, 6 февруари 2026

Спектакуларно отворање на ЗОИ, Атанасовска и Јада го вееја македонското знаме (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва и официјално беа отворени Зимските олимписки игри во Италија, главната церемонија беше на Сан Сиро, но паралелно отворањето се случуваше и во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италијанците приредија одлично отворање на Зимските олимписки игри, шоуто беше на високо ниво кое го држеше вниманието на публиката со различни танци и спектакуларни приредби.

Знамето на македонската делегација го вееја Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо. Покрај нив на оваа Олимпијада имаме уште двајца натпреварувачи Ана Цветановска и Виктор Петков.

Од денеска па до 22 февруари, Зимските олимписки игри ќе бидат главната спортска тема.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ