недела, 7 декември 2025

Состанокот за иднината на Обрадовиќ е одложен, неизвесноста ќе потрае

За денеска од 11 часот беше закажан состанок меѓу тренерот Жељко Обрадовиќ и раководството на КК Партизан, но последните информации од Србија велат дека тој е одложен и нема да се одржи во предвидениот термин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот е одложен на молба на членови на Управниот одбор кои во овој момент се во странство. Се очекува разговорот да биде одржан на почетокот од наредната недела.

Од поднесената оставка на Обрадовиќ до денеска се случија неколку промени во Партизан, а клучна беше смената на спортскиот директор Зоран Савиќ. Се зборува дека Обрадовиќ го замолил претседателот Остоја Мијаиловиќ и тој да замине од функцијата.

Обрадовиќ нема да ги води тренинзите овие денови, а конечна одлука дали ќе замине или не би требало да се донесе пред мечот против Баерн Минхен од Евролигата кој се игра на 4. декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ