недела, 13 јули 2025
Напаѓачот ги излуди соиграчите и тренерот

Сорлот се посрамоти со нови две промашувања, на Симеоне не му се веруваше (ВИДЕО)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот е во фокусот на јавноста не поради својата голгетерска форма, туку поради големите промашувања кои ги има на Светското клупско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Александер Сорлот мака мачи пред противничките голови, Норвежанецот лесно можеше да биде помеѓу најдобрите стрелци на турнирот во САД, но наместо со голови, се прослави со големи промашувања.

Напаѓачот на натпреварот против ПСЖ во првото коло не успеа да реализира од три метри, а ноќеска против Сиетл Саундерс повторно се посрамоти и тоа во две ситуации.

Во 15. минута од натпреварот, Сорлот одлично смири топка на гради, се намести на шут од пет метри и наместо да ја затресе мрежата, ја испрати топката на трибини, сите се чудеа како успеа да промаши.

На истекот на 25. Минута, Сорлот повторно ги излуди соиграчите и Диего Симеоне, напаѓачот доби топка во форма, се најде осамен пред голманот, можеше да праша каде да шутира, дури можеше да биде несебичен и да проигра, а тој биеше право во голманот.

Еве како реагираше тренерот Диего Симеоне, по второто промашување на Сорлот против Сиетл Саундерс.


ФОТО: Print screen

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ