недела, 14 декември 2025
Објавата предизвика силни емоции кај неговите обожаватели ширум светот

Сопругата на Феликс Баумгартнер објави видео од кобниот лет (ВИДЕО)

Легендарниот екстремен спортист, Феликс Баумгартнер минатата недела го загуби животот откако неговиот моторен параглајдер се урна во хотелски базен во Порто Сант’Елпидио, неговата сопруга сега објави видео од кобниот лет.

Објавено на

часот

Сподели

Феликс Баумгартнер, првиот човек кој изведе скок од вселената, во четвртокот почина на 56 години по несреќа со параглајдер.

Неговата сопруга, Миха Шварценберг сега на социјалните мрежи сподели потресно видео од кобниот лет, на него се гледа полетувањето што го однесе во смрт.

Причините за несреќата се уште се испитуваат, една верзија е дека Феликс Баумгартнер доживеал срцев удар за време на летот, по што загубил контрола над леталото.

Другата верзија наведува технички дефект како можен предизвикувач на падот и трагичната несреќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ