„Старата дама“ прави силни напори да го ангажира Џејдон Санчо и со недели води преговори со Манчестер јунајтед.
Двете страни се блиску до договор, а се верува дека Јувентус исто така е пред договор со Џејдон Санчо за висината на платата.
Но пред Англичанецот да даде зелено светло, сака да добие 5 милиони евра од Манчестер јунајтед.
Офанзивниот фудбалер во Торино ќе заработува околу 6 милиони евра плус бонуси, ова е значително помалку од тоа што го добива на Олд Трафорд, па сака да биде компензиран поради разликата во примањата.
Ова ќе биде само сол на раната, со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед инвестираше 85 милиони евра за ангажман на Џејдон Санчо, напааѓчот никогаш не блесна на Олд Трафорд и сега нема да донесе повеќе од 20 милиони евра од продажба.
ФОТО: X/Manchester United






