петок, 25 април 2025

Со трон на центарот на Енфилд, Ливерпул го потврди новиот историски договор на Салах

Мохамед Салах останува во Ливерпул, Египјанецот прифати нова двегодишна соработка со „црвените“ и ќе добива рекордна плата од 400.000 фунти неделно.

Објавено на

часот

Сподели

По долги месеци неизвесност и многу шпекулации за иднината на Мохамед Салах, навивачите на Ливерпул утрово добија одлични вести, напаѓачот останува.

Со трон на центарот на Енфилд, „црвените“ го потврдија новиот договор на „Египетскиот Крал“.

„Ливерпул може да потврди дека Мохамед Салах стави потпис на нов договор со кој ќе остане во клубот и по крајот на сезоната 2024/25“ – гласеше известувањето.

Изминатите месеци, Мохамед Салах во неколку наврати со своите изјави навестуваше дека ова е негова последна сезона и летоска ќе замине.

Па тој сега објасни зошто решил да остане верен: „Потпишав бидејќи верувам дека имаме шанси да освојуваме трофеи и да уживам во мојот фудбал. Тука ги поминав моите најдобри години, го носам дресот на Ливерпул 8 години, се надевам дека ќе бидат 10“.

„На навивачите сакам да им кажам дека сум многу, многу среќен тука. Потпишав бидејќи мислам дека заедно можеме да освоиме уште многу трофеи. Продолжете да ни давате поддршка и ние ќе гинеме на теренот“.

Детали од новата соработка не се откриваат, а како што пренесуваат медиумите, Мо Салах ставил потпис на двегодишен договор, со кој во иднина ќе заработува околу 400.000 фунти неделно, што е историска и рекордна сума за Ливерпул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ