петок, 5 декември 2025

Со одлична игра во завршницата Македонија ја победи Ирска во Даблин

Македонската кошаркарска репрезентација со 88-76 победи на гостувањето кај Република Ирска и дојде до втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2029 од исто толку натпревари.

Фото: ФИБА

Објавено на

часот

Сподели

Ирците подобро го почнаа натпреварот, ја добија првата четвртина со 27-22, но македонските кошаркари го кренаа нивото во вториот период, комплетно го свртеа резултатот и на одмор заминаа со предност од два разлика, беше 42-40 за нас.

Следуваше голема борба во третиот период кој им припадна на Ирците со три разлика, па тие влегоа со еден поен предност во последните 10 минути. Но, кога се решаваше прашањето за победникот, Македонија изгледаше беспрекорно и на крајот победата беше и убедлива, конечниот резултат гласеше 88-76 за нашата репрезентација.

Андреј Јакимовски беше нашиот лидер и на овој натпревар, тој мечот го заврши со 26 поени, имаше и пет скокови и четири асистенции, одличен беше и Џејкоб Вајли кој уфрли 20 поени, имаше и девет сокови, двоцифрени беа и Мекиќ со 12 поени, како и Војдан Стојановски со 11.

По две кола во претквалификациите имаме исто толку победи, следниот дуел го играме на 27 февруари следната година кога ќе го пречекаме Луксембург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ