Иако се работи за силна репрезентација која во минатото беше и Европски шампион, Македонија може да се пофали со добар меѓусебен скор.
Со Данците досега имаме три меѓусебни натпревари, а два од нив беа во нашите први квалификации.
Првата средба е на 7. септември 1994 година кога Данска во Скопје допатува како Европски шампион. Мечот заврши 1-1, а можеме да жалиме што не ги победивме.
Македонија поведе со гол на Митко Стојковски уште во четвртата минута. Долго време водевме, но клучниот момент се случи кога во текот на вториот дел Дарко Панчев заработи црвен картон. Потоа Данците постигнаа гол и мечот заврши 1-1.
Една година подоцна во мечот од истите квалификации кој се играше во Данска, загубивме со 1-0.
Третиот дуел е пријателски. На 6 февруари во 2013 во Скопје ги победивме Данците со убедливи 3-0. Стрелци на головите беа Пандев, Ибраими и Новески.
По три меѓусебен дуел билансот е изедначен, една победа, еден пораз и едно реми, а гол разликата е во полза на Македонија од 4-2.






