сабота, 3 мај 2025

Смртта на папата ги одложи фудбалските натпревари во Италија

Денеска требаше да се одиграат четири натпревари од Серија А, но истите се одложени поради смртта на папата Франциск.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово на 88-годишна возраст почина папата Франциск.

Поради тоа нема да се одиграат натпреварите од Серија А кои беа предвидени за денеска. А денот требаше да започне со настап на Елиф Елмас, дуел меѓу Торино и Удинезе.

Требаше да се одиграат и мечевите Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус.

Одложени се мечевите и од Серија Б и подолните нивоа на италијанските лиги.

Дополнително ќе биде одредено во кој термин ќе се одиграат овие натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ