Сноубордерот натпреварувањето во паралелен слалом го заврши побрзо од очекувањата, а потоа почна со критиките.
Прво на прес-конференција „удри“ по сојузот на Словенија, а потоа се пожали и за условите кои ги нуди организаторот на Зимските олимписки игри.
Тој објави фотографија од неговата соба и даските на неговиот кревет. Кажа дека нема повеќе да учествува на натпреварувањата доколку условите не се променат.







