Во понеделникот, Трент Александер Арнолд соопшти дека го напушта Ливерпул по 20 години престој на Енфилд, десниот бек како слободен играч ќе замине по крајот на неговиот договор на 30. јуни.
„Исто како и сите други инволвирани во Ливерпул, и јас сум разочаран“ – вели тренерот Арне Слот.
„Не само што губиме одличен човек, си заминува и навстина, навистина добар бек“.
„Работев во клуб каде секоја година еден или повеќе настина добри фудбалери си заминуваа, па сум навикнат“.
Се очекува Трент Александер Арнолд да се пресели во Реал Мадрид, токму ова го навести и Арне Слот.
„Невозможно е да коментирам каде ќе се пресели и дали тој клуб ќе настапи на Светското клупско првенство“.
„Од мојата насмевка може да се види дека сите знаеме каде тој ќе се пресели, но уште нема ништо официјално“.