Славниот клуб заборави на манирите – ниту состанок, ниту разговор во канцеларија, ниту пак телефонски повик, Ајакс избрка седум фудбалери преку „Вацап“.
Како што пренесува Де Телеграф, техничкиот директор направил група на апликацијата „Вацап“, ги додал Чуба Акпом, Карлос Форбс, Борна Соса, Кристијан Хлинсон, Крстијан Расмусен, Џеј Гортер и Бранко ван ден Бомен и ги известил дека немаат иднина во Амстердам и треба да си најдат нов клуб.
И не само тоа, во иднина тие нема да можат да тренираат со тимот, да јадат со тимот, ниту пак да паркираат на исто место.
Ќе можат да ги користат теретаната и терените само откако останатите ќе финишираат со работата. И доколку биде закажана двојна тренинг сесија во денот, ќе мораат да чекаат да заврши втората сесија.
Имаат ограничување и кога е во прашање лекарската помош – сите сетум на располагање ќе имаат само еден физиотерапевт.
ФОТО: X/AFC Ajax