недела, 14 декември 2025

Славниот Хајдук ќе гостува во Кочани на меч со Осогово

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски најави доаѓање на Хајдук во август наредната година, тој остварил средба со првиот човек на сплитскиот клуб на која бил постигнат договор за пријателски натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Венко Крстевски кој како градоначалник на Кочани е на работна турнеја во Хрватска, го посети и фудбалскиот клуб Хајдук каде се сретнал со претседателот на сплитскиот клуб, Иван Вилиќ.

„Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба“, објави Крстевски на социјалните мрежи.

Датумот на натпреварот дополнително ќе биде одреден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ