недела, 7 декември 2025

Сити со лекција за Ливерпул во натпреварот број 1.000 на Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 3-0 го доби дербито против Ливерпул на Етихад, Халанд, Ниго Гонзалез и Доку донесоа славје за Пеп Гвардиола во натпреварот број 1.000 како тренер.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ покажаа дека се во одлична форма, вечерва доминантно со 3-0 ја добија пресметката против „црвените“.

Халанд погреши од белата точка во 13. минута, но со голема доза на среќа го отвори резултатот по половина час игра и ја затресе мрежата на Мамардашвили за 1-0.

Ван Дајк изедначи на 1-1 во 38. минута, но радоста кратко траеше, голот беше поништен поради офсајд на Робертсон, судиите сметаа дека левиот бек му го попречил видното поле на Донарума.

Холанѓанецот потоа немаше среќа и на спротивната страна, во 48. минута во обид да блокира еден удар на Нико Гонзалес, само го смени правецот на топката и го измами Мамардашвили за 2-0.

Конечните 3-0 беа дело на Доку во 63. минута, кој веројатно беше и најдобриот поединец на теренот и правеше огромни проблеми со своите продори.

Па Манчестер Сити сега е втор со -4 во однос на лидерот Арсенал, додека пак Ливерпул е осми со 8 бода негатива.

ФОТО: X/Manchester City

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ