По повеќе од една декада во белиот дрес, Лука Модриќ летово го напушта Реал Мадрид, па денешниот натпревар против Реал Сосиедад беше неговиот последен на „Бернабеу“.
Емоциите почнаа да растат кога na пет минути пред крајот Лика Модриќ беше заменет. Целиот стадион стана на нозе, фудбалерите на двата тима направија шпалир, а Хрват со солзи во очите се упати кон клупата, каде го чекаше Тони Крос, кој беше специјален гостин.
Luka Modrić’s emotional farewell at the Bernabéu 🥹
Goosebumps. Pure history 🤍#realmadrid #lukamodric #GraciasLuka pic.twitter.com/UsWEmloNVg
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) May 24, 2025
🤩 HISTORIA DEL FÚTBOL 🤩 pic.twitter.com/0NxFJrJWou
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 24, 2025
По крајот на мечот, имаше церемонија на која Лука Модриќ им се обрати на навивачите, тренерите и соиграчите кои го придружуваа на ова незаборавно патување.
Со скромност и елеганција, каква што покажуваше во текот на целата кариера, Хрватот одржа проштален говор и порача: „Моментот што никогаш не сакав да дојде — дојде. Но, беше долго, прекрасно патување. Прво, сакам да му се заблагодарам на клубот, на претседателот Флорентино Перез. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери низ овие години, на соиграчите кои беа покрај мене, и на сите луѓе кои ми помогнаа. Ви благодарам од сѐ срце. И на моето семејство исто така. Освоивме многу, имавме прекрасни моменти. Љубовта што ми ја дававте сите овие години… Нема зборови со кои можам доволно да ви се заблагодарам за сѐ што ми дадовте. Сакам да кажам една фраза што ја видов и ми се допадна: „Не плачи затоа што заврши, насмевни се затоа што се случи.“ Хала Мадрид.“