Синер беше суспендиран на три месеци. Помина со ептен мала суспензија затоа што докажа дека не по негова вина ја внел недозволената супстанца.
Виновен беше Фераро кој ја купил кремата за повреди која ја содржела недозволената материја.
Синер претходно ги отпушти Умберто Фераро и Џакомо Налди од тимот со изговор дека нема доверба во нив, но сега одлучи да го врати едниот од двајцата.
Новинарите го прашаа Синер што се променило откако го избрка, зошто го враќа, но Италијанецот не сакаше да дискутира на темата.
„Мислам дека се што имавме да кажеме, кажавме. Нема што да се додаде“, рече Синер.






