Изгледаше како Ѓоковиќ да има проблеми, падот во минатото коло на мечот против Коболи не беше наивен, па српскиот тенисер денеска тешко се движеше, не беше во беспрекорна ситуација, а тоа влијаеше на резултатот.
Синер првиот сет го доби со 6-3, со два освени брејка, во вториот исто така беше подобар со 6-3, но со еден брејк.
Ѓоковиќ имаше одличен старт на третиот сет, поведе со 3-0, и кога се чинеше дека е во одлична позиција за да го освои сетот, следуваа пет последователни гема на Синер кој поведе со 5-3. На крајот го доби сетот со 6-4 и ја завери победата од 3-0.
Во финалето Синер ќе игра против Карлос Алкараз кој претходно со 3-1 во сетови го совлада Тејлор Фриц.
Фото: EPA






