недела, 14 декември 2025

Синер со уште една моќна партија ја доби италијанската битка против Мусети за полуфинале

Рекетот број 1 во моментов, Јаник Синер лесно се справи со неговиот сонародник Лоренцо Мусети победувајќи го со максимални 3-0 (6-1, 6-4, 6-2) за пласман во полуфиналето на УС Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше точно два часа, Синер отвори силно добивајќи го првиот сет со само еден загубен гем.

Мусети во вториот сет покажа заби, но тоа не беше доволно, Синер го доби тој сет со 6-4 и поведе со 2-0.

Во третиот сет Синер беше подобар со 6-2 за конечна победа од 3-0 во сетови.

Синер во полуфиналето ќе игра против Оже Алиасим кој претходно со пресврт со 3-1 го победи Де Минор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ