Не се знаеше дали Синер воопшто ќе го заврши мечот, Италијанецот имаше проблеми, повраќаше, му беше лошо, побара медицински тајмаут, но собра сили и продолжи.
Синер немаше најдобар старт на мечот, првиот сет го загуби со 4-6, но во продолжението го крена нивото и не дозволи изненадување.
Наредните три сета ги доби со 6-3, 6-4 и 6-4 и дојде до победата.
Синер во осминафиналето ќе игра против својот сонародник Дардери кој со 3-1 го елиминираше Качанов.






