понеделник, 8 декември 2025

Синер покажа дека е најдобар, без загубен сет го освои завршниот турнир во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со 2-0 го победи Алкараз во големото финале на завршниот АТП турнир, кој и оваа година се играше во Торино.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синер покажа дека во овој момент е најдобар тенисер во светот, Италијанецот без загубен сет прошета на завршниот турнир во Торино, кој се смета за јагода на шлагот на сезоната.

Карлос Алкараз пружи сериозен отпор, но не можеше ниту да освои сет.

Во првиот сет двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше. Во него Синер беше подобар со 7-4 и поведе со 1-0.

Интересен беше вториот сет, кој Алкараз го почна со брејк, имаше предност од 2-0 и 3-1, но Синер успеа да го врати загубениот сервис и израмни на 3-3.

Беше 6-5 за Синер, Алкараз сервираше за нов тајбрејк, но Шпанецот не успеа, италијанскиот тенисер зеде нов брејк, овојпат за 7-5 и победа од 2-0.

И покрај оваа победа на Синер, на првото место на АТП листата годината ќе ја заврши Карлос Алкараз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ