Тенисерот ги отпушти Марко Паники и Улисес Бадио кои беа тренер и физиотерапевт, а сега „Кориере дело Спорт“ пишува за мотивот на Синер.
Причината била изјава на Паники кој открил дека Синер плачел 15 минути во соблекувалната по поразот од Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос.
Изјавата која ја дал Паники не му се допаднала на Синер кој очигледно не сака да изгледа како емотивен човек кој плаче по порази од ривалите, па решил да се ослободи со двајца многу блиски соработници.
Синер го освои Вимблдон, па очигледно отсуството на овие двајца веќе поранешни членови на неговиот тим, воопшто не се почувствува.






