четврток, 22 јануари 2026

Синер лесно се справи со Дакворт, изненадувачка елиминација за Циципас на АО

Јаник Синер не дозволи никакво изненадување и рутински се пласира во третото коло на Австралија Опен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италијанскиот тенисер беше подобар од Џејмс Дакворт со убедливи 3-0 во меч кој траеше само час и 49 минути. Синер го доби првиот сет со 6-1, вториот со 6-4, а третиот со 6-2 за пласман во третото коло.

Изненадувачка елиминација доживеа Стефанос Циципас кој во четири сета загуби од Томас Махач (3-1). Чешкиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, потоа во вториот се радуваше Циципас со 6-3, а во третиот и четвртиот идентично Махач беше подобар по два тај-брејка со по 7-5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ