Иако се играа три сета, мечот траеше само 84 минути, нешто што не е вообичаено за оваа фаза од грен слем турнир.
Бублик беше 24. носител и иако ја имаше аутсајдерската улога во мечот, веројатно никој не очекуваше дека толку брзо ќе го положи оружјето.
Сите три сета беа идентични 6-1, 6-1 и 6-1.
Синер, сепак, не постави рекорд бидејќи најкратниот меч на УС Опен го доби Иван Лендл кој во 1987 година го совлада Бари Мур од Јужна Африка со 3-0 (6-0, 6-0, 6-0) за 71 минута. Разликата е во тоа што Лендл тоа го направи во првото коло, а највисокиот пласман во кариерата на Мур беше 92. место.
Во четвртфиналето, Синер ќе се сретне со својот сонародник Лоренцо Музети кој беше подобар од Мунар со 3-0.






