Медведев не загуби ниту еден гем на свој сервис, но беше поразен во финалето. Ниту еден од двајцата тенисери не направи брејк во текот на мечот.
Таквиот резултат ги однесе двата сета во тајбрејкови, првиот го доби Синер со 8-6, а во вториот беше подобар со 7-4.
Медведев пријатно изненади на овој турнир, го елиминираше Алкараз, а малку фалеше да го освои и турнирот. Русинот играше како во своите најдобри денови.






