Освојувачот на турнирот ќе заработи шест милиони евра, а може да одигра максимум три меча.
Синер и Алкараз ќе играат во големото финалето, но сите шест играчи ќе си заминат дома со големо богатство.
Додека некои од тенисерите даваат неискрени одговори на прашањето за мотивацијата да дојдат и да го играат турнирот во Ријад, Синер нема проблем да ја каже вистината.
„Сите не движи страста кон тенисот, но би излажал кога би рекол дека овде парите не се мотив. Сите знаеме колку пари се во игра на овој турнир“, изјави Синер.
Дека и на другите им е дојдено само да парите, најдобар доказ е тоа што Алкараз не настапи во Шангај, наводно за да се одмори, но не пропушти да допатува во Ријад каде утре ќе се бори за титулата, токму против Синер. Истото важи и за Ѓоковиќ кој максимално го редуцира распоредот во текот на сезоната, ама парите во Ријад не се пропуштаат.






