вторник, 13 мај 2025

Син на поранешна НБА ѕвезда се заби во дрво со Тесла Сајбертрак и заврши во кома (ВИДЕО)

Алајџа Аринас, син на поранешната НБА ѕвезда Гилберт Аринас, е во болница во индуцирана кома, младото момче со својот Тесла Сајбертрак прво соборил хидрант, а потоа се забил во дрво по што се запалил автомобилот.

Објавено на

часот

Сподели

18 годишниот Алајџа Аринас, кој важи за перспективен кошаркар и една од  најголемите ѕвезди во САД како средношколец, доживеа страшна сообраќајна несреќа по која докторите се борат за неговиот живот.

Младото момче, син на поранешната НБА ѕвезда Гилберт Аринас, со својот Тесла Сајбертрак прво соборил хидрант, а потоа се забил во дрво по што се запалил автомобилот.

Тој итно бил пренесен во болница со сериозни повреди, и поради вдишување на штетни гасови, лекарите го ставиле во индуцирана кома.

Изминатава сезона, за својот средношколски тим, Алајџа Аринас имаше просек од 33 поени и 8,6 скока, и веќе си подал рака за преселба во Универзитетот Јужна Калифорнија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ