петок, 9 јануари 2026

Симеоне го провоцираше, а Винисиус изненадувачки издржа: „Перез ќе те избрка од Реал“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид го елиминира градскиот ривал Атлетико Мадрид (1-2) во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

На овој натпревар дојде до интересна сцена и во центарот на вниманието беа Диего Симеоне и Винисиус Жуниор. Стратегот на Атлетико сакаше да го испровоцира Бразилецот, му дофрлуваше за време на вториот дел.

Симеоне му викаше: „Вини, Перез ќе те избрка од Реал, запамти што ти кажав“.

Изненадувачки Винисиус не потпадна на провокацијата. Тој иако му одговори неколку пати, за разлика од други ситуации беше многу смирен.


ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ